Во мозокот постои копче “delete” – знаете ли да го користите?

0

Човечкиот мозок на фасцинантен начин прави простор за да изгради нови и јаки врски за да би можеле да научиме повеќе. Што повеќе користите одредени невронски врски, тие стануваат се појаки. Тоа е причината поради која се вели дека повторувањето е мајка на знаењето. На пример, што повеќе вежбате одреден музички инструмент или говорите некој странски јазик, тие повеќе се развиваат.

Меѓутоа, уште поважно од тоа е можноста човекот да ги разгради старите врски. Тој процес се нарекува „синаптичко ронење“.

На прашањето како се одредува кои синаптички врски треба да се исчистат, научниците се уште немаат одговор, но познато е дека оние врски во мозокот кои помалку се користат порано или подоцна се означуваат со протеинот C1q. Кога станиците го детектираат тој протеин тие или ја уништуваат или ја разградуваат таа синапса, па на тој начин мозокот прави простор за нови информации.

Клучно за сето ова е сонот, бидејќи на тој начин всушност мозокот се чисти самиот. Во текот на спиењето станиците во мозокот се смалуваат за 60%.

Морате да водите сметка за што размислувате бидејќи оние синапси кои често ги користите редовно добиваат кислород и вода, додека оние кои не ги користите ќе бидат означени и фрлени во „ѓубре“. Така што, ако сакате да го искористите полниот потенцијал на Вашиот мозок, размислувајте за нештата кои Ви значат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот