Во Мостар, она што ќе те разбуди наутро не е звукот, туку…

0

“Во Мостар, она што ќе те разбуди наутро, не е звукот туку светлината. По таа светлина секогаш ќе го паметам Мостар” – Иво Андриќ.

Мостар е сместен долж реката Неретва и еден од најважните историски градови во Босна и Херцеговина.

Градот е музеј на отворено со богата збирка од отоманската архитектура.

mostar (3)

Мостар  беше најмногу гранатиран од сите босански градови за време на војната во деведесеттите години на минатиот век. Тој е обновен по војната, а во новата изградба се користени оригинални делови извлечени од реката. По обновата во првите години од новиот милениум, Мостар повторно станува убава дестинација.

Мостар е препознатлив во светот по Стариот Мост на реката Неретва, кој е изграден од страна на Турците во дамнешната 1556-та година, а срушен во 1993-тата година. Мостот бил обновен во 2004-тата година кога влегува во листата на светски културни наследства на УНЕСКО.

mostar (7)

Атракција на мостот е тоа што од него постојано се фрлаат нуркачи во реката, а нивното шоу привлекува многу туристи во пролетните и летните месеци од годината.

Во близна се наоѓа и Музејот на Стариот мост. Таму можете да видите различни експонати поврзани со историјата на  мостот. Покрај тоа, дел од поставките е испецијално видео за реставрација на симболот на Мостар.

Отоманската архитектура, преполните пазари со овошје, зеленчук, зачини и пријателските луѓе го прават Мостар совршен за туристите кои се љубопитни.

mostar (2)

Во Мостар, освен мостот, не смеете да го пропуштите и стариот дел од градот, Коски Мехмед-Пашина џамија, градскиот пазар, портокаловата зграда на Гимназијата, куќата Муслибегович, музејот посветен на Павароти…

И кога ќе пристегнете во Мостар, не заборавајте да пробате чај, баклава и ќебапи во некој од локалите во мостарската чаршија.

mostar (5) mostar (6) mostar mostar (11) mostar (9) mostar (8)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар