Во кои години жената е најзадоволна со својот изглед?

0

Изгледот им е важен на жените, некогаш не толку пoради другите луѓе колку за себе, па со право се поставува прашањето – дали е воопшто можно една жена да биде задоволна со својот изглед во секое време?

Секогаш има некоја ситница која треба да се поправи, без разлика дали тоа е тежината, фризурата, начинот на облекување, тенот, насмевката…

Но, сепак постои период од животот во кој жените се прифаќаат себеси со сите доблести и маани и во целост се задоволни од својот изглед.

Овој клучен момент, според американските научници се случува во 32-рата година од животот. Освен тоа, повеќе од двесте испитанички на возраст од 21 до 45 години кои учествувале во ова истражување изјавиле дека се чувствуваат најсекси во мај и септември.

Психолозите ова го објаснуваат на следниов начин: жените после триесеттата се изреализирани на приватно и професионално поле, полни се со самодоверба, знаат што им одговара, а што не кога во прашање е стилот, козметичките препарати и фризурата, па се задоволни од својот изглед. Се чувствуваат секси во мај и септември затоа што времето тогаш е пријатно, можат да се облекуваат убаво и да бидат суптилно сексапилни, а не вулгарно разголени.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.