Во Кавадарци утре започнува „Тиквешки гроздобер 2018”

0

Од утре 7-ми септември во градот Кавадарци започнува традиционалната манифестација „Тиквешкигроздобер 2018” со тродневна целодневна и вечерна програма.

Градот Кавадарци со задоволство ги кани сите граѓани да бидат дел од оваа  голема манифестација, каде ќе се задоволат сите вкусови – ќе се врати традицијата, но ќе има и моменти на забава за сите возрасти.

На 7-ми, 8-ми и 9-ти септември бидете дел од програмата која ќе се случува на 5 различни локации во градот Кавадарци.

Овие 3 дена Ви посакуваме да бидат Ваши, убави, незаборавни.

Овој “Тиквешки Гроздобер 2018-Кавадарци” да биде уште една убава “Приказна под отворено небо”.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.