Во каква врска посакувате да бидете

0

Секој човек кога е во една врска се обидува да извлече максимум од односот со парнерот за да ја направи функционална. Тежината доаѓа кога правите сè како што треба, а притоа веќе не функционирате како пар. Се прашувате зошто, чекате некое време и доаѓа крај. Се обидувате да ја окарактеризирате, но тешко оди и се откажувате. Во продложение има прикажано неколку типови на врски, односи меѓу двајца луѓе. Можеби ќе ја најдете вашата.

Зависен однос

Дали ви е потребен партнер со кој ќе фунцкионирате нормално во останатите области од животот? Ова е таков вид на врска каде еден или двајцата партнери се премногу зависни еден од друг и во целост се потпираат на меѓусебната помош, а партнерот е приоритет во споредба со останатите луѓе.

Контолирачки однос

Еден од партнерите има доминантна улога, додека другата страна е подредена односно ги следи правилата кои се наметнати. Обично на почетокот на ваква врска подредената страна била таа што била позаљубена, премногу допуштала и дозволувала. Реалноста доаѓа откако ќе се насоберат фрустрации и проблеми од таквиот однос.

Врска за опоравување

Што значи ова? Значи дека еден од партнерите, а може и двајцата неодамна излегле од врски каде им било скршено срцето. Разочарани и тажни или пак лути и гневни решаваат да одат понатаму во животот и така влетуваат во нова врска. На тој начин сакаат да ја пополнат празнината.

Врска која се темели на секс

Во овој вид на однос, очигледна е физичката привлечност и хемија, но често нема ништо повеќе од тоа. Иако сексот е одличен и ги исполнува, сепак за цврста врска потребно е многу повеќе.

Компатибилна романса

За многу луѓе ова е најпосакуван облик на врска. Партнерите се карактеризаат со слични ставови и голема физичка привлечност. Овде не постои доминатна страна, двајцата се трудат еднакво, а меѓу себе се привлекуваат такви какви што се без тенденција за промена.

Токсичен однос

Тоа се оние драматични врски обележани со многу чести караници и страстни смирувања, на партнерите делуваат на тој начин што еднаш се чувствуваат исполнети, заљубени и среќни, а другпат хистерични и тажни. Овие врски се можеби судбински, но ретко кога траат подолго.

Врска која задоволува

Настапува најчесто по долго познанство, стекнување на рутина и чувство на сигурност. Често во неа нема страст и заеднички интереси, но се одржува од навика и чувство дека не може да се најде подобро и да се исполнат туѓите очекувања. Во принцип, ваквиот однос е стабилен, љубовта е присутна, но има повеќе елементи на пријателство отколку на љубовно партнерство.

Трофеен однос

Овде мотивите за врска се јасни. Партнерите меѓусебно се воодушевени од изгледот, парите, социјалниот статус кој го поседуваат. Нема вистинска поврзаност, а односот трае додека има интерес.

 При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот