Во Франција се отвори музеј посветен само на виното

0

Во Бордо неодамна е отворен музеј кој ќе биде омилено место на енолозите од Франција. Под името La Cité du Vin, во овој музеј има сè поврзано со француските вина. Посетителите ќе можат да научат нешто за виното, ќе можат да дегустираат различни видови вино, да испијат по некоја чашка вино во музејскиот ресторан, но и да купат од виното што најмногу им се допаѓа.

wine-museum-bordeaux-france-02

Музејот, чија изградба чинела 92 милиони евра, се простира на 44,000 метри квадратни. И додека лозјата во Бордо потекнуваат од времето на Римското царство, пред околу 2,000 години, музејот полнал да се гради во 2008, а дури годинава е отворен за јавноста. Неговиот надворешен дизајн го осмислиле две компании, париската XTU и англиската компанија специјализирана за музеи, Casson Mann. Формата асоцира на вртлог кога виното се става во чаша.

Се очекува годишно да го посетуваат најмалку половина милион луѓе и да се ротираат по барем три нови изложби, заедно со 19те постојани постојки.

ccv eca9dbb2a5041a595d0205a8d6a7a0c2

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар