Во Франција отворен „Градот на виното“

0

Единствениот тематски парк во светот во кој нема дизниеви јунаци, кули, балони и шеќерна волна е паркот во Бордо, Франција, посветен на виното, кој беше отворен вчера. Паркот се вика „Градот на виното“. Од моментот на почетната идеја па се до крајната реализација на овој проект биле потребни цели седум години.

grad-na-vinoto (9)

Првите впечатоци потврдуваат дека трудот се исплатил, бидејќи на светот не постои подобро место каде може да уживате во дегустација на вино толку совршено како во овој парк. Посетителите освен што уживаат во вино имаат можност да се запознаат со процесот на производство и волшебните архитектонски решенија во овој парк.

grad-na-vinoto (7)

Посетителите на располaгање имаат дваесет тематски делови со интимна атмосфера кои го сочинуваат „Градот на виното“. На интерактивен и креативен начин е објаснета историјата и културата на виното, во вид на предавање кое може да го следат истовремено 250 посетители, на огромен екран во амфитеатарот на овој парк.

grad-na-vinoto (8)

Секоја група посетители е водена од експерти за производство и сомелиери, а може да се проба вино од преку 80 земји. Постои можност за продажба на одредени видови вино за секој посетител кој ќе сака да понесе спомен од ова прекрасно место.

grad-na-vinoto (6) grad-na-vinoto (5) grad-na-vinoto (3) grad-na-vinoto (2) grad-na-vinoto (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот