“Во боите на барокот” со виолинистот Дритон Гаџа во Дом на АРМ

0

Утре во Домот на АРМ во 20 часот, Македонската филхармонија под палката на маестро Борјан Цанев, ќе одржи симфониски концерт под наслов „Во боите на барокот“. Како солист ќе се претстави македонскиот виолист Дритон Гаџа кој веќе неколку години наназад живее и работи во Германија и активно настапува на европските сцени соработувајќи и со престижни камерни и симфониски оркестри.

Дритон Гаџа за македонската публика ќе ги изведе Концертот во G-dur од Георг Филип Телеман, дело кое претставува силен предизвик за изведувачите, како и романтичниот Концерт во c-moll од Јохан Кристијан Бах.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе и Симфонијата бр.103 во Es-dur од Јозеф Хајдн, една од неговите т.н. „лондонски“ симфонии, но и една од најпознатите на австрискиот композитор.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот