ВНИМАВАЈТЕ, овие работи во домот се штетни за вашето милениче

0

За вашето милениче би направиле сè. Па уште ако убаво ве моли и ве гледа милно кога јадете, размислувате да му пресечете и нему цело парче торта, иако знаете дека тоа не е здраво за него.

И не се само слатките штетни за миленичето. Постојат уште неколку работи кои се наоѓаат во вашиот дом, а кои се на оваа листа.

Живо тесто

Месите леб или кифлички и тоа скока околу вас. Да храната мириса убаво, но не смеете да му давате да јаде живо тесто кое може да се рашири во телото и да ги затне крвите садови. Дополнително, живото тесто лачи киселини кои му пречат на желудникот.

Кринови

Можеби се вашето омилено цвеќе, но правот од криновите може да предизвика проблеми со бубрезите и кај мачките и кај кучињата. Избегнувајте да чувате и филодендрон ако чувате миленици.

Лекови

Обидете се да ги чувате лековите подалеку од дофат на милениците, дури и да станува збор за обични витамини. Човечкото тело и телото на милениците реагира различно на лековите, а вашите лекови можат да направат поголема штета отколку корист за миленичето.

Чоколадо

Нема куче што ќе одбие чоколадо ако му понудите, но чоколадото и сите слатки се штетни за забите на миленичињата.

Конец за заби

Ако конецот ви падне на земјата, а мачето или кучето го изедат по грешка, тој може да предизвика задушување во грлото или да се сплетка во нивните црева, па ако не реагирате навремено да има сериозни, дури и фатални последици.

Омекнувач за алишта или течен детергент

Детергентите треба да се чуваат подалеку од миленичињата бидејќи се отровни и можат да предизвикаат повраќање, дури и труење кое не може да се излекува без посета на ветеринар.

Цигари

Ако пушите или ви доаѓаат гости што пушат, тргнете ги цигарите подалеку од дофатот на мачките и кучињата. Никотинот може да предизвика повраќање, тресење, дури и смрт кај некои животни.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот