Внесете ја модата од 50тите во вашиот плакар

0

Модата во педесеттите години, непосредно по завршувањето на Втората Светска војна доживеа експанзија. Модната револуција ја предводше Коко Шанел. На улиците низ градовите се појавија елегантно облечени жени, со широки здолништа кои завршуваа под колената, впетливи јаки, уникатен накит и мали чанти.

1205

Модата од оваа ера и денес останува инспирација за многу дизајнери ширум светот, но и за сите оние девојки кои сакаат да изгледаат ултра модерно. Па, да украдиме нешто од таа мода и да го сместиме во нашите комбинации.

Вусшност, се она што било “must have” во тој период, денеска сè уште се носи а плус може да ве направи да изгледате послабо.

1205 (1)

Што треба да знаете доколку сакате модата од педесеттите години да ја вметнете во вашиот личен стил?

  • Каишите се задолжителни, се носат на струкот и го нагласуваат. Можете да одберете каиш кој ќе е сличен на фустанот, но и таков што ќе биде контраст на фустанот, а ќе одговара со вашите чевли или чанта.
  • Широките миди здолништа се задолжителни. Во плакарот имајте барем две такви, една црна и една шарена. Можете да ги комбинирате со струкирани кошули или со тенки маички со кратки ракави.
  • Почнете да носите елегантни шапки или слатки беретки. Без нив, никоја комбинација не е целосна.
  • Или ролка или покажате го деколтето и рамениците. Девојките од педесеттите знаеле дека мала доза на голотија е секси.
  • Високите потпетици се задолжителни!
  • Заборавете на огромните чанти кои ви се подвижна кутија со козметика… Наместо тоа, носете елегантна плик-чантичка.
  • На секоја комбинација додавајте накит, нека бидат тоа бисери или масивни огрлици.
  • Дозволени се квалитетни материјали, еднобојна облека или дезен со бобици, карирани шари и суптилен цветен принт…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот