Внесете дрвени елементи во кујната!

0

Кујната е важен дел од животниот простор. Кога за првпат уредувате кујна мора да внимавате таа да биде доволно просторна, функционална и максимално да го употребите просторот кој ви е на распологање.

Кога зборуваме пак, за изгледот на кујната последниве години е огромен тренд кујните да се од сјаен или мат медијапак кој често знае да даде студенило на кујната која вусшност треба да биде најтоплата просторија во домот.

Што велите да се вратите на старото, класично и одлично дрво? Не, не велиме вашата кујна да изгледа како онаа на вашата баба. Има многу начини како да го вклучте дрвото како метриајл во вашата кујна за да и дадете топлина и да се чувствувате удобно во вашата кујна, додека готвите или појадувате.

Доколку не сакате основните елементи да се од дрво во кафеава нијанса, тогаш комбинирајте го со останатите бои не медијапан. Може да вметнете класични дрвени полици, фиокари или висока маса со шанкерски столови. Изборот е ваш.

kujni (14) kujni (12) kujni (10) kujni (8) kujni (5) kujni (6) kujni (7) kujni (4) kujni (1) kujni (15) kujni kujni (3) kujni (2) kujni (16)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот