Влеговте во четириесетите? Овие навики треба веднаш да ги исфрлите!

0

Игнорирањето на стресот на долги патеки е многу лошо за вашето срце. Пронајдете време за медитација и опуштање!

Четириесетите се новите триесети и тоа е сосема точно, затоа што првите 40 години ов вашиот живот се чувствувате неуништливи, без поголеми проблеми и потешкотии со здравјето…но после тоа, доаѓа време за плаќање на сметките.

Од таа причина, наведуваме 7 лоши навики кои би требало да ги изгубите до тој фамозен 40-ти роденден доколку сакате здраво срце и нормален живот.

Не се дружите? Друштвената изолација е многу лоша за вашето срце и психа. Станете од каучот и излезете меѓу пријателите!

Не се опуштате? Игнорирањето на стресот е многу лошо за вашето срце. Пронајдете време и почнете со медитација и опуштање.

Не вежбате? Ако до 40-тата не стекнете навика за вежбање, веројатно ни тогаш нема да почнете. Но, сепак обидете се.

Претерувате со вежбање? Одите до крајни граници и не се загревате. Се однесувате како да имате 20 години, но немате. Три пати неделно со 45 минути вежбање за вас е сосема доволно.

Пушите? Просечна личност се обидува 7 до 10 пати да престане со пушење. Затоа, не се откажувајте, веројатно веќе сте се обиделе неколку пати.

Вишок килограми не е само естетски проблем. Го оптеретувате срцето, а после 40 година, метаболизмот се успорува, па е многу потешко да се намалат…

Нешто да додадете?

Извор: stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.