Владе Јеротиќ открива: Како го бираме партнерот и каква е улогата на нашите родители во изборот?

0

Има ли вистина во поговорката – „Каква мајка таква ќерка“? На ова прашање психологијата во голем дел може да даде одговор. Поточно, психологијата се надоврзува – погледнете ги и двајцата родители, секако секогаш постојат исклучоци.

Помина времето кога родителите ги одбираа брачните партнери на своите деца. Сепак, во некои муслимански земји, како Индија, па и Африка и Јужна Америка овој обичај и понатаму се почитува.

Владе Јеротиќ – српски лекар, неуропсихијатар, психотерапевт и книжевник, сестран ерудит и академик во САНУ, пишува за тоа каква е улогата на нашите родители при изборот на брачни партнери односно кога се заљубуваме.

Како се заљубуваме? Случајно или по пат на потсвесни влијанија?

Владе Јеротиќ вели дека длабочината на психологијата во XX век укажува на влијанието односно улогата на родителите во подоцнежниот избор на партнерите на нивните возрасни деца. Позната во психологијата, во поголемиот дел и докажана, е идентификацијата на детето со двајцата родители ( уште во раното детство, до третата, четвртата година на детето) која остава долготраен печат во несвесното битие на детето кое подоцна, кога и ако се заљуби, невесно го бира партнерот “препознавајќи ги” своите родители во идниот маж или жена.

На овој начин одредениот избор на партнер може да ја направи личноста среќна или несреќна, зависно од тоа какви биле неговите родители.

Замислите ја иденификацијата со девојче чиј татко бил алкохоличар и наслилник. И не само тоа, огромно влијание има и широкиот спектарт на лошо однесување или карактер.
Не треба да се запостави ниту позитивното влијание при избор на партнер според позитивните особини на родителите со кои се идентификува детето. Ете оттаму доаѓа онаа стара поговорка „Каква мајка таква ќерка.“
Уште едно прашање кое ни се наметнува е – Дали постои слободен избор на партнер?

Според Владе Јеротиќ, ваквиот случај е навистина редок. Се јавува само кај поединци кои го поминале тешкиот пат на издигнување „од индивидуа до личност“

Извор: stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.