Вкусен какао – крем десерт кој помага при анемија

0

Рецептот кој ви го предлагаме денес е доказ дека лековите може да бидат и вкусни.

 

Овојпат, ќе се посветиме на анемијата. Во светот, околу две милијарди луѓе се соочуваат со проблем со анемија, односно намален хемоглобин или недостаток на железо. Најчесто со овој проблем се соочуваат жените и децата.

Покрај многуте лекови и сирупи кои денешната медицина ни ги нуди, со начинот на исхрана може значително да се подобри крвната слика. Многумина знаат дека при анемија, продукти кои би требало да се конзумираат редовно се: цвекло, спанаќ, леќа, аронија и семе од коприва. Но, дали сте знаеле дека и какаото содржи голема количина железо? Погледнете го рецептот:

 

Состојки:

-250 грама какао

– 250 грама кафеав шекер

-250 грама мед

-250 грама путер

-2 лажички морска сол

-7 лажички јаболков оцет

 

Изматете ги сите состојки, сипете во стаклена тегла и земајте по една лажичка три пати во денот.

За многу кратко време, направете анализа на крвта и уверете се во делотворноста на овој лек.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.