Вкусен и здрав десерт за топлите денови

0

Малината е исклучително богатa со моќни антиоксиданси кои имаат анти-воспалителни дејства, го спречуваат дејството на штетните микроби и ги штитат клетките на телото. Малината содржи кетони кои имаат корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта и ги стимулираат мастите во метаболизмот, со што се спречува таложење во телото, па затоа, не се секирајте, овој сладолед што ви го предлагаме не е непријател за вашата линија.
Малините најмногу ги сакаме поради нивниот уникатен вкус, но тоа е само мал дел од она што го добиваме во ова лековито овошје.
Затоа во топлите денови ви предлагаме да го припремите овој вкусен десерт.


Потребни состојки:
300грама малини,
Aгава сируп по вкус,
150 мл. кокосов сладок крем
Начин на подготовка:
Прво подгответе го кремот. Во блендер ставете ги малините и добро промешајте, додадете сируп од агава и потоа кремот од кокос. Десертот ставете го во ладилник и служете го во чаши.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот