Визуелно зголемување на очите со помош на шминка

0

Без разлика дали имате мали или големи очи, ако сакате само нив да ги истакнете, постојат различини мејкап трикови кои многу ќе ви се допаднат.
На почеток може да ви е потребно малку повеќе време, но тоа би било се додека не ги совладате овие трикови.
Погледнете ги следните совети…

1. Користете бела сенка
Не е потребно да нанесете бела сенка на целиот капак за вашите очи да изгледаат поголеми. Користете молив за очи и обична бела сенка нанесувајќи ја во аголот на очите. Со белата сенка вашите очи ќе добијат поголем сјај, а со тоа ќе изгледаат и поголеми.
zenski-magazin-kako-da-vam-oci-izgledaju-vece(2)

2. Издолжете ги трепките
За вашите тепки да изгледаат долги и густи потребно е прво да ги навиткате. Со тоа вашите очи ќе добијат текстура и ќе изгледаат поотворени. Може да користите вештачки трепки, но наш совет е да ги негувате вашите. Одберете ја правилната маскара со тоа што таа ќе има ефект за волумен, издолжување и сјај. Секогаш нанесувајте маскара и на долниот дел на вашите трепки.

zenski-magazin-kako-da-vam-oci-izgledaju-vece(1)

3. Долната линија на трепките
Ако посакувате бадем-облик на очи, само треба да ја усовршите таа техника на шминкање.
Земете молив и нанесете го од средина на долната линија на очите до аголот. Повеќе молив нанесете на крајот од аголот на очите. Ако пак нанесете повеќе на средината ќе добиете округол облик на окото, а тоа нема да изгледа онака како што сте замислиле. Секако, со помош на четка може да ја разнесете бојата низ очите.

zenski-magazin-kako-da-vam-oci-izgledaju-vece(5)

4. Осветлете ја внатрешната страна на долниот капак
Кога овој дел од капакот го шминкате со темна боја или со стил на „smokey eye“, треба да знаете дека на тој начин ги намалувате вашите очи. За вашите очи да изгледаат поголеми внатрешната страна на долниот капак нашминкајте ја со бело моливче. Вашите очи веднаш ќе добијат друг изглед.
zenski-magazin-kako-da-vam-oci-izgledaju-vece(99)

5. Дефинирајте го просторот измегу очните капаци и коската на челото
Познатите мејкап артисти препорачуваат на овој дел од окото кафена сенка. На тој начин ќе го нагласите овој дел. Користите мека четка за нанесување на сенката од надворешниот агол на средината на окото.
zenski-magazin-kako-da-vam-oci-izgledaju-vece(4)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.