Вистинските животни приказни за најголемите уметници

0

Ѕиркањето во другите животни приказни секогаш е интересно… Особено ако станува збор за познати личноти кои со своите дела пишувале историја.

Биографските филмски остварувања за некои од најголемите имиња во уметноста не зборуваат само за нивниот талент и креативност, туку и за сè она што ги довело да бидат тоа што биле. Незаменливи, оригинални и премногу страсни кога во прашање е нивната вокација, такви биле најдобрите сликари на минатиот век.

Frida (2002)

Доколку сè уште го немате гледано ова филсмко остварување кое раскажува за животот на најпознатата мексиканска сликарка, тогаш тоа би требало да го направите веднаш. Иако е биографски филм, сепак не е здодевен. Животот на Фрида Кало бил полн со возбуда и изненадување, а Салма Хајек одлична ја портертира оваа позната сликарка.

Pollock (2000)

Ед Харис ја толкува главната улога во биографскиот филм за Џексон Полок. Импресионистичкиот сликар Полок имал бурен живот, проблеми со алкохолот и турбулентна врска со неговата колешка Ли Краснер.

Surviving Picasso (1996)

Оваа приказна за феноменалниот шпански сликар ни го прикажува неговиот живот од агол кој не сме го виделе во книгите за историјата на уметноста. Во филмот, посебен акцент е даден на Пикасовата љубовница, Франсуаз Жило која била доволно јака за да продолжи со нормален живот после десет годишната врска со себичниот сликарски гениј.

My Left Foot (1989)

Вистинска приказна за животот на уметникот Кристи Браун, роден со церебрална парализа, а сликал со левото стапало… Ликот на Браун го игра одличниот Даниел Деј Луис кој за оваа улога има добиено Оскар.

Lust for Life  (1956)

Ова е најдобрата, најреалната и најавтентичната приказна досега раскажана за контроверзниот уметник Ван Гог. Главната улога ја толкува Кирк Даглас.

Seraphine (2008)

Познатата белгиска актерка Јоланда Моро одлично ја изигра улогата на француската сликарка од 19 век, Серафин Луис која станала позната дури по својата смрт. Филмот зборува за нејзините дела, но и за менталната болест со која се борела долги години.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар