Вистинските пријатели се оние кои ги имаме од детството

0

Минуваат денови, месеци, години… не се гледате, ама кога ќе се сретнете сфаќате дека помеѓу вас постои истата искра во очите, истата искрена љубов, истата страст додека разговарате… Да, таа е вашата најдобра другарка од детството и така ќе остане засекогаш.

Се знаете од градинка. Сигурно сте биле и соседи. Деновите ви поминувале во безгрижна детска игра на улица, сте спиеле кај неа дома и таа преспивала кај вас.

Сте играле криенка, сте „си го чувале грбот“, сте биле вие две против светот.

Сте делеле буквално сè – играчки и облека. Сте имале исти фризури, сте ги терале родителите да ви купуваат исти чевлички…

Заедно сте ги делеле првите љубовни искуства, сте си раскажувале за големите симпатии, за првите бакнежи…

Заедно сте го испиле првото кафе исплашени дека можеби ќе ви „порасне опашка“, ама љубопитни што има во филџанот кафе.

best-friends-little-girls

Таа учела да се шминка вежбајќи на вас, вие сте учеле да се шминкате на неа.

Била вашето рамо за плачење, вие сте биле нејзината најголема поддршка.

Сте поминале заедно буквално сè – лоши оценки во основно училиште, уписи во средно, бегање од часови, подготвување испити на факултет.

Сте биле тука една за друга на денот на вашите свадби, на денот на раѓањето на децата, на денот кога починал некој близок.

Чувствата биле искрени и сè уште се, бидејќи не сте се дружеле од корист, туку од љубов – вистинска, чиста, детска љубов.

enhanced-buzz-wide-5215-1442609504-7

Таа е личноста на која секогаш ќе ѝ верувате безрезервно.

Таа е причината заради која сè уште верувате во човечност и добрина.

Ја сакате како сестра. Всушност, ја сакате можеби и повеќе од себе.

Во текот на животот запознавате многу луѓе. Со некои се зближувате, со некои останувате познаници. Некои од нив дури и ќе останат со вас до крајот на животот.

Ама ниту еден од нив нема да биде како неа – најдобрата другарка од детството, девојката која ве познава толку добро колку што се познавате и вие самата. Бидејќи, вистинските пријателства се токму оние што сте ги создале кога сте биле невини, мали деца со чиста душа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар