Вистинските дами секогаш се сигурни во своите постапки

0

Секој може терминот дама да го протолкува на различен начин, но вистинската дефиниција секогаш дамата ја опишува како жена со добро осмислени цели, од кои ретко прави отстапки бидејќи пред се тоа се нејзини доблести како начин и стил на живот.

Маргарет Тачер во една прилика рекла: Да се има моќ, е исто како да се биде дама. Ако морате да им кажувате на луѓето дека сте, тогаш не сте.

Затоа секогаш трудете вашите постапки да говорат за вашата личност и вашиот став, наместо да им објаснувате на луѓето кои сте.

Не ги молете луѓето – кога сте самоуверена жена не ви се потребни туѓи судови и потврди за она што планирате да го направите.

Не слушајте слепо – не слушајте и прифаќајте се што ви се сервира. Сами проценете ја ситуацијата и донесувајте заклучоци откако ќе ги разгледате сите детали.

Не се грижете – времето е драгоцено, па наместо да се грижите за сè и сешто мислете на иднината, наместо на ситниците.

Пропустот не е пораз – за да се постигне голем успех треба да се направат и низа на неуспеси. Грешката е лекција, а не пораз.

Не сфаќајте сè лично – критиките и туѓите мислења не ги сфаќајте како атак на вашата личност, туку само како мислење поинакво од вашето.

Не пукајте под притисок – дамите не пукаат под притисок ниту пак дозволуваат притисокот на другите луѓе да влијае врз нив. Веруваат во себе, својот став и работа.

Квалитет пред квантитет – без разлика дали станува збор за луѓе, предмети или пак нешто трето, вистинските жени секогаш претпочитаат квалитет пред квантитет.

Не пренесувајте муабети – трачарењето е забавно, но нема да ве однесе никаде. Држете до себе и секогаш бидете еден чекор пред ситуацијата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.