Вистинскиот маж знае како да се однесува, внимава на своите манири и впечатокот кој го остава за себе

0

Кавалерството нема никогаш да излезе од мода!

Знаете ли што е она што некои мажи ги прави попривлечни од останатите?

Вистинскиот маж знае како да се однесува, внимава на своите манири и впечатокот кој го остава зад себе.

Ние одвоивме неколку работи кои ги прават вистинските џентлмени, а на вас оставаме да се пронајдете или пак да научите нешто од нив.

• Кога разговараат со некоја личност, погледот им е насочен кој соговорникот и никој не може да им го привлече вниманието.

• Од нив никогаш не очекувајте дека ќе ве прекинат додека говорите.

• Тие никогаш не говорат со повисок тон. Дури и кога не им се допаѓа она што другите го зборуваат, вистинските џентлмени никогаш не одговараат гласно.

• Тие никогаш не зборуваат за својата работа, ако претходно не бидат прашани.

• Не прислушкуваат, ниту прашуваат за туѓите разговори.

• Од нив никогаш нема да слушнете лоши коментари за жените.

images       • Не ласкаат премногу. На жените им делат комплименти кои навистина ги мислат.

• Не покажуваат политички ставови.

• Не се споредуваат со пријателите.Не се истакнуваат или докажуваат дека се најдобри во друштво.

•Не укажуваат на грешките на соговорникот. Прифаќаат дека сите луѓе имаат свои ставови

•Не се трудат да бидат смешни.

• Не се фалат за своите успеси.

• Не глумат дека се нешто што не се.

•Посветуваат големо внимание на жената која седи покрај нив. Ако ја извеле на вечера, задолжително е да се потрудат таа да се чувствува пријатно.

duncanevent

Се пронајдовте?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.