Вистинската убавина на жената се крие во нејзината душа – Одри Хепберн

0

Жените сакаат да бидат убави.

Секоја жена посветува внимание на својот изглед, се труди да изгледа убаво и да го најде она што ќе и помогне да го истакне најубавото на неа. Доколку не знаете од каде да почнете, нема подобар ментор од симболот за вечна убавина – Одри.

Прочитајте ги нејзините совети за убавина:

# За атрактивни усни, говорете љубезно.

# За прекрасни очи, пронајдете го доброто во луѓето.

# За добра линија, делете ја храната со гладните.

# За убава коса, дозволете им на децата да ги повлечат своите прстиња еднаш дневно низ неа.

# За добро држење, одете со знаење дека никогаш не сте сами.

# На луѓето, повеќе отколку на предметите, им е потребно обновување, потврда, оживување. Никогаш не отфрлајте никого.

# Запомнете, доколку ви е потребна помош, нејзе ќе ја најдете на крајот на раката.

# Кога ќе пораснете, ќе откриете дека имате две раце, една да си помогнете себе, а другата за да им помогнете на другите.

# Убавината на жената не е во облеката која ја носи, нејзината фигура или фризура.

# Убавината на жената се гледа во нејзините очи, бидејќи тие се вратата за влез во срцето, местото каде почива љубовта.

# Убавината на жената не е во нејзиниот изглед, вистинската убавина е во нејзината душа. Тоа е вниманието кое несебично го дава, љубовта која ја покажува.

# Убавината на жената се ЗГОЛЕМУВА со текот на годините!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот