Вистината и влијанието на социјалните мрежи врз тинејџерите- Еден „лајк“ една насмевка

0

Според истражувањето и проектот спроведен од страна на една компанија на тема САМОДОВЕРБА, откриено е колку всушност социјалните медиуми имаат влијание врз младите девојчиња. 

Еве една статистика што ќе ве остави без зборови:

 -Младите помеѓу 13-18 годишна возраст, чувстуваат голема потреба и притисок да изгледаат убаво на социјалните мрежи.
-Девојчињата очекуваат трипати повеќе „лајкови“ отколку што вистински добиваат на нивните фотографии.
-Дури еден милион млади девојки кои имаат мала самодоверба за изгледот на телото, се особено зависни од нивните „лајк“ моменти на социјалните мрежи.

Постирањето на „selfiе“ фотографии за „like“, денес е исто така главен дел од раcтењето и развивањето на младите, како и  шетањето во парк со мајката, одењето на училиште и читањето на лектири.
Едно истражување дојде до следниов резултат: Дури половина од девојчињата на возраст од 13-28 години се постојано приклучени на социјалните мрежи. Тоа е всушност застрашувачки момент.
Една половина од нив секојдневно постира „selfie“ фотографии, додека пак оние со мала самодоверба за своето тело велат дека се вознемирени ако не соберат доволно лајкови.
Постојат повеќе од еден милион девојки во Британија кој страдаат од мала самодоверба за изгледот на нивното тело додека пак, две третини од нив велат дека поубаво се чувствуваат „online“ отколку во нивниот реален живот.
Седумдесет проценти од девојките на возраст од 13 до 17 години велат дека многу полесно им е да ги изразат своите чувства на социјалните мрежи одколку во реалноста.
Поради резултатите од ова истражување спроведено во Велика Британија, брендот дојде до идеја да спроведе кампања за да ја поткрене свеста на девојките и да ги охрабри без разлика на нивниот изглед со слоганот „No likes needed“(“Не ви требаат лајкови”).

Ако не правам „selfie“ фотографии не сум популарна

Ани, 14 годишна девојка од северозападниот дел на Англија

„Доколку не правам „selfie“ фотографии нема да бидам популарна на училиште. Во текот на денот правам од прилика 10 фотографии, а на Фејсбук постирам 2. Ако постирам повеќе од 2 луѓето се вознемируваат бидејќи стануваш досаден и не кликнуваат „like“ на фотографијата. Секако, битно е да имаш „like“, колку повеќе ги имаш толку си попоуларен. Во текот на денот губам по два ипол часа правејќи фотографии и доколку добијам помалку од 75-80, тогаш ја бришам фотографијата. Тоа е срамно, и прави да се чувствувааш несакана. Но, доколку добиеш повеќе „likes“, тогаш цел ден ќе бидеш добро расположен. Мојот рекорд е 195, но целта ми е да стигнам до 200“.

Понекогаш помислувам: „Зошто не може да сум и јас толку убава“?

Емили, 14 годишна девојка од источно-западниот дел на Англија.

„Обожувам „selfie“ фотографии и секојдневно постирам на Фејсбук и Инстаграм. Тоа може да потрае еден час бидејќи прво ја средувам мојата шминка и коса, а потоа барам соодветно место каде би можела да се фотографирам. Но, тоа секогаш го правам дома, не би сакала да се засрамам правејќи го тоа во јавност.
Откако ќе направам 50-100 фотографии, ја одбирам најдобрата но, ако не ми се допадне ниедна тогаш почнувам од почеток. Често, направените фотографии ги испраќам на другарките за мислење, па потоа ги постирам. Сетоа ова е само за забава но, кога луѓето кликнуваат „like“ тогаш се чувствувам одлично. Ова чувство може да трае долго бидејќи може да се навратиш на сликата и да ги прочиташ од поново коментарите. Ако имам помалку од 40 „likes“, тоа не ми се допаѓа. Понекогаш во ист момент и мојата другарка постира фотографија и добива повеќе кликања од мене, тогаш помислувам „Зошто не може и јас да сум толку убава“?

Ми помогна да ја надминам мојата анорексија

Емили, 22 годишна девојка, работи во дигитална компанија во северниот дел на Англија

На 16-годишна возраст во училиште сите постиравме фотографии на социјалните мрежи, а најмногу „likes“добиваа најпопуларните и најубави девојки, јас бев љубоморна. Нормално, ако на некому си љубоморен тогаш стоиш настрана од него, но, на социјалните мрежи кога ќе видиш нивна фотографија почнуваш да се мразиш себеси.
Се сеќавам, на една фотографија што ја имав постирано со една убава девојка, можеше да се примети дека мојата рака е подебела од нејзината и тоа направи да се чувствувам ужасно и дебело. Таа слика подоцна стана причина за мојата анорексија. Тоа беше на крајот на школската година. Кога ги намалив вишокот на килограми можев да ја покажам мојата фигура на Фејсбук.
Сега сум повторно добра и здрава после 3 години на терапија. Но, социјалните медиуми навистина знаат да имаат огромно и опасно влијание врз младата популација. Имам одличен живот кој го сакам и не треба никому да му докажувам колку популарна и убава може да бидам.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.