Висок сјај и нагласени усни со Pure Color Envy Sculpting Gloss, новата колекција на Estee Lauder

0

Estee Lauder во нова и креативна кампања со нај „ит“ девојката во моментов, Кендал Џенер. Видеото почнува кога ѕвони алармот за будење на нејзиниот телефон, доцни, има многу малку време да се подготви и да стигне на закажаното снимање за кампањата на Estee Lauder. Во сета таа утринска брзаница и трчаница, Кендал успева да се облече, но само до половина. Нејзините асистенти трчаат по неа со пантолони во едната и Pure Color Envy сјајот за усни во другата рака. Таа го бира тоа што е неопходно во моментот за совршен изглед – Pure Color Envy Sculpting сјајот за усни!

Иновативна формула на течен кармин со додатна формула за влажност на вашите усни која ќе направи да изгледате подготвени со првото отворање на очите и станување од кревет наутро. Осум нијанси со интензивен сјај и боја, со посебен апликатор за нанесување.

Храбри и моќни бои кои на вашите усни ќе траат до осум часа по нанесувањето.


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.