Вино Скоп 2017: Покрај вечерната програма,збогатен и со „After work” забави и викенд матине

0

Овогодинешниот Вино Скоп ќе се одржи од 20-ти до 24-ти септември, а за посетителите традиционално ќе понуди уникатно винско доживување. Локацијата на фестивалот- плоштад „Мајка Тереза“ ( пред МОБ), е идеално место и за дневни „after work” забави кои ќе започнуваат во 17:00, а за време на викендот, посетителите ќе може да уживаат во дегустација на сортни вина и деликатеси од 12:00 на пладне. Во овој период од денот, винариите ќе имаат специјални промотивни цени за сите љубители на доброто вино и вкусните македонски деликатеси. Во вечерните часови ќе има музика за сечиј вкус, почнувајќи од џез и блуз, етно, свинг, фолк, рок, поп и ретро. Ова е 12-то издание на најпознатиот македонски вински фестивал, а по вторпат се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“ , локација која што минатата година се покажа дека е навистина одлична за фестивал кој го слави пијалокот на боговите. Вино Скоп по 12-ти пат е поддржан од Град Скопје.

Да ја продолжиме традицијата, да ја дочекаме есента заедно! Вино Скоп 2017

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот