Вилијам Стенли Мервин – Летај

0
Вилијам Стенли Мервин – Летај

Бев суров кон дебелиот гулаб
Оти не сакаше да лета
Туку само да живее како старец

Се претвори во дртина валкана
И самоуверена и дива по храна
Го тепаше мачорот на ѓубриштето
Незаинтересиран за голубицата
Постојано мрсулав околу клунот
Смрдеше се гегаше
И требаше да се носи низ скалите
За ноќе да заспие

Летај реков фрлајќи го во воздух
Но тој ќе плеснеше и ќе притрчаше
Очекувајќи храна
Го реков истото и го фрлав одново
Но тој беше сè полош и полош
И секој пат
Требаше некој да го подигне
Додека не го пронајдов во голубарникот
Цркнат од излишните напори

Значи таков сум јас

Размислувам за неговото око
Кое што не можеше да сфати
Дека сум суштество
Од кое требало да бега

Од мене којшто отсекогаш
Премногу верував во зборовите

Извор: okno.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот