Викторија Сикрет доби нов ангел

0

По започнувањето на кариерата во 2013 година како модел, Џозефин Скривер официјално „доби крилја“.

Новиот модел во клубот на најубавите модели во светот Викторија Сикрет, е данската девојка Џозефин Скривер.

Гигантот за долна облека изјави дека таа ќе биде новиот модел кој ќе им се придружи на убавиците Адриана Лима, Алесандра Амбросио и Кендис Сванепоел на пистата.

„Џозефин е прекрасна млада девојка со впечатлива харизма“- вели директорот на маркетинг на компанијата Викторија Сикрет, Ед Разек.
„ Таа е посебна, а наше ограмно задволство е што ќе стане дел од оваа компанија“- додаде тој.
josephine-skriver-photoshoot-for-victoria-s-secret-march-2015_3

Џозефин која исто така има работено за кампањи на Келвин Клајн, Валентино, Гучи, Мајкл Корс, е почестена со оваа изјава и понуда од компанијата.

„ Го живеам мојот сон, толку сум горда што ќе бидам дел од најубавиот тим во светот. Жени кои креаираат историја во светот на модата“- сподели Џозефин на својот инстаграм профил.
Josephine-Skriver-Smiling-Face

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.