Викторија Лоба ја сними баладата “Херој“ во еден здив

0

Баладата “Херој“ е новата песна на Викторија Лоба за која се промовираше видео запис на нејзиниот Youtube канал.

Нумерата е во етно стил, комплетно напишана и продуцирана од композиторот Роберт Билбилов.

“Херој е песна која буди многу емоции, посветена на мој многу драг пријател и за сите вас кои имате свој херој во животот. Роберт Билбилов ја напиша и продуцираше во истиот ден, а јас ја испеав во еден здив. Би сакала токму оваа балада да остави белег кај љубителите на македонската музика. Ова е нешто ново и различно од мојата музичка палета која ќе биде дел од новиот албум“.- вели Викторија Лоба.

Видео записот е сниман на убавините на планината Водно, од страна на Дарко Митев и продуциран од Даниел Јовески.

“Спотот го снимавме на најладниот ден во Скопје и навистина се заблагодарувам на целата екипа што на -10 целзиусови степени даде се од себе да направиме едно светско видео. Сигурна сум дека видеото ќе ви ги разбуди вашите емоции и ќе уживате во снежните пејзажи на скопско Водно“.- додаде Викторија.

Песната е планирана да се препее и на англиски јазик, како и да се промовира на европските пазари.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.