Викендов ќе се одржи финалето во кошаркарскиот Куп на Македонија

0

Осум екипи во машка и четири тима во женска конкуренција ќе бидат дел од завршниот турнир од Кошаркарскиот куп – „Лимак Куп на Македонија 2017“.

Завршницата на Купот ќе започне денеска во салата Јасмин во Кавадарци, со четврт финалето во машка конкуренција, утре ќе се играат полуфиналните натпревари во двете конкуренции, а во недела е финалето, прво кај жените, а потоа кај мажите.

Трофејот ќе го бранат МЗТ Скопје Аердором во машка конкуренција, односно Бадел во женска.

Завршницата на Купот на Македонија ќе започне денес во 13 часот со мечот Карпош соколи – Вардар, потоа играат Фени индустри – АВ Охрид, по нив се Работнички – Куманово и вечерва од 20.30 часот на паркетот ќе излезат МЗТ Скопје – Кожув.

Финалето кај дамите ќе се игра во недела (19.02) од 16 часот, а кај мажите три часа подоцна, од 19 часот.

Билетите за секој натпревар ќе чинат по 50 денари, додека влезницата за финалето ќе изнесува 100 денари.

Ако сте во Кавадарци или во близина, ова е одличен начин како да го поминете викендот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот