Викендите се наменети за одмор, релаксација и одлична книга!

0

Поради големиот степен на загаденост на воздухот, не е препорачливо да го напуштиме домот, доколку не е неопходно.

Викендите не се наменети за работа и за многубројни обврски, со причина се неработни денови – за да се опуштиме и релаксираме после напорната работна недела.

Еден од начините на кој можеме да го сториме тоа е да се нурнеме во редовите на некоја одлична книга, а хотел Влахо има неколку предлози за вас…

  1. „САМО ЕДНО Е ВАЖНО“ – Гари Келер и Џеј Папасан
    Велат, потребни се 66 дена. Само 66 дена за да се создаде нова навика. Да се биде најдобар и да се постигнат најдобрите резултати. Успехот не се бара, потребна е самодисциплина со која се гради вистинската навика. За 66 дена!
    Секоја голема промена започнува како рушење домино.Книгата е точка во која се спојуваат магијата и вистината.

    Книгата можете да ја најдете во книжарницата „Матица“
  2. „ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНАТА“ – Линвуд Баркли
    Oткако во еден несреќен случај екранот на киното се руши и паѓа, убива четири лица. Ќерката на една од жртвите бара од приватниот истражувач Кал Вивер да се осврне на неодамнешното провалување во куќата на нејзиниот татко. А оттаму започнува вистинската мистерија…

    Книгата можете да ја најдете во книжарницата „Матица“
  3. „ЗАМКА“ – Мелани Раб
    Познатата писателка Линда Конрадс е вистинска мистерија за читателите и медиумите. И покрај сите проблеми, Линда е прилично успешна жена. Но, само малкумина знаат дека пистелката, меѓу другото, ја измачува и едно лошо сеќавање од минатото… Сега го пишува својот нов роман – и ќе го искористи заплетот во приказната за да го намами убицеот на сестра си…

    Книгата можете да ја најдете во книжарницата „Матица“

    При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот