Викавте на детето бидејќи го изгубивте трпението?

0

Teшко е да бидеш смирен родител цело време и во секоја ситуација. Малку се тие родители кои што успеваат во тоа. Недостаток на сон, разно разни притисоци, несигурност во улогата родител, дали сме постапиле како што треба или не. Да не го заборавиме и притисокот на околината во однос на начинот на воспитување на децата.

Кога би бил овој свет совршен, родителите никогаш не би губеле трпение. Но не е така. Кога тие ќе го изгубат трпението, тоа создава стрес и кај децата.

Ако се случува многу често уште во раното детство, истражувањата покажуваат дека тоа може да се одрази на неговата социјализација подоцна во животот. Идеално би било кога родителите би можеле да се контролираат, но е невозможно.

Како да се поправи штетата?

Прво, смирете се самите

Пред да пробате да го смирите и утешите детето кое вознемирено, морате да ги зауздате Вашите емоции. Слично, како правилото за безбедност во авион – во случај на непредвидени ситуации, најпрво ставете маска за кислород на себе, а потоа на детето. Не можете да му помогнете на вознемирено дете, ако се уште сте вие нервозни. Ако имате потреба малку да се тргнете од него, сторете го тоа, влезете во друга просторија и кажете му дека ќе се вратите за кратко да разговарате за тоа што се случило.

Погледнете ја ситуацијата што се случила и пробајте да видите како го гледа детето тоа

Родителите треба да се обидат да ја разгледаат ситуацијата од гледна точка на детето. Родителот е поголем, посилен и погласен од детето. Дали сте примениле некои агресивни гестови, закани? Дали нешто е фрлено или скршено во гневот? Но, важно е да не се обидувате да го правите тоа ако се уште сте под влијание на нервоза. Така, можете предизвикате нов гнев кај него.

Исправете ја грешката

Кога сосема ќе се смирите и ќе ги разгледате работите од негов агол, пробајте да воспоставите нова конекција со детето. Викнете го на нежен начин да седне блиску до вас. Некои деца можеби нема да сакаат да зборуваат, но преку игра ќе ги изразат емоциите. И тоа е сосема во ред. Вклопете се во неговиот начин на делување. Споделете ги со детето своите намери и чувства. А потоа, вклучете го во процесот на смирување на тој начин што заедно ќе најдете начин да се реши ситуацијата. Децата се многу креативни и често наоѓаат решенија кои нам не би ни паднале ни на памет.

Остварете конекција

Откако заедно се нашле решение, побарајте начин повторно да се зближите со детето. Прошетајте до парк, возете велосипед заедно, составувајте сложувалка…Не е тоа искупување за грешките, туку начин да му покажете на детето дека семејните врски се зајакнуваат, без разлика на сè.

Родителите мораат да сфатат дека нивниот бес кон децата не всадува само страв од физичка казна, туку и грижа дека ја изгубиле родителската љубов. Заради тоа е многу важно родителите да вложуваат дополнителен напор да се контролираат себеси. Ако ви се случува премногу често да експлодирате, не треба да ви биде срам да побарате помош од стручњак. Тоа е само знак дека сте одговорен и добар родител.

Извор:zelenaucionica.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.