Виенски рај за најмладите: Градот ги отвора улиците за игри!

0

Во иднина во главниот град на Австрија се почесто ќе се среќаваат улици каде што децата ќе имаат „право на првенство“.

Одредени делови во овој град ќе бидат наменети само за игра, односно за децата и истите ќе бидат целосно затворени за сообраќај.

На улиците, кои ќе бидат одредени за детска игра ќе внимаваат професионални педагози кои ќе ги анимираат децата да учествуваат во разни игри. Децата, ќе може да трчаат, да си играат, да жонглираат, да играат со топка и уште многу активности.

Посебно атрактивна понуда ќе биде тоа што децата ќе ја имаат можноста да учат да возат велосипед.
„Улица за игри“ ќе биде корисна за сите, како за децата така и за возрасните.

Виена се вбројува меѓу најбрзите растечки градови во Европа, па затоа градските власти решија да ја прошират можноста за користење на јавниот простор со цел да го подобрат заедничкиот живот на соседите.

Извор: kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.