Вие ја имате силата да кажете СТОП на насилството врз жената. ВИЕ МОЖЕТЕ!

0

Како претходните години, започна кампањата за спречување на насилството врз жените, кое претставува сериозна повреда на човековите права и укажува на дискриминаторскиот третман – половата нееднаквост.

Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените – 25ти ноември има за цел да ги охрабри сите оние жени низ светот кои се плашат да кажат СТОП.

Денес, се повеќе жени истапуваат јавно и говорат на оваа тема со надеж дека ќе помогнат на сите кои поминуваат низ истиот кошмар.

Статистиките покажале дека до сега само 2,4% од сите случаи на насилство се пријавени, а во 81,7% од случаите насилникот е сопругот (актуелен или поранешен).

Физичкото насилство, употреба на физичка сила, закана дека истата ќе биде употребена врз жената од страна на мажот – е изразено во 23,9% од случаите, додека психичкото насилство, кога врз жената е контролирана, изолирана, жртва на љубоморни сцени и емоционални страдања е изразено во 70,4% од случаите, а сексуалното насилство е застапено 5,7%.

Всушност, жените врз кои се врши насилство, без разлика дали се работи за физичко, психичко или сексуално – тие поседуваат поголема моќ и треба да бидат охрабрени да ја покажат. Тие ја имаат силата да стават крај на ужасот и да го пуштат мирот во својот дом.


Вклучи се во кампањата за помош на жртвите на насилство!

Пријавете на 02/311 78 66 или на
веб страната за кампањата против семејно насилство 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот