Видео рецепт – Ванилици со мак

0

Денес предлагаме да ги направите вашите омилени колачи – ванилици со мак. Се прават брзо и едноставно, а во вкусот ќе уживате вие и вашето семејство.

Состојки:

125 гр. маргарин

70 гр. шеќер во прав

1 +1/2 лажичка ванила арома

150 гр. брашно

100 гр. мак (афион)

џем од кајсии (или по желба)

Подготовка

Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени. Макот сомелете го во Нутрибулет.

Чекор 2: Во сад ставете ги маргаринот и шеќерот во прав. Матете додека да се соединат. Додадете ги брашното и мелениот мак.

Чекор 3: Расукајте го тестото, вадете форми со модла или чаша и редете ги во тавата.

Чекор 4: Печете ги 10-ина минути. Печени ќе бидат меки, но кога ќе се оладат ќе се стврднат.

Чекор 5: Соединувајте две колаченца со вашиот омилен мармалад.

Чекор 6: Сервирајте!

Прочитај повеќе ТУКА.