Видео рецепт: Ванилици со мак

0

Фичо ќе подготви посен десерт, ванилици со мак во тестото, филувани со омилениот мармалад.

Состојки

  • 125 гр. маргарин
  • 70 гр. шеќер во прав
  • 1 +1/2 лажичка ванила арома
  • 150 гр. брашно
  • 100 гр. мак (афион)
  • џем од кајсии (или по желба)

    Подготовка

Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени. Макот сомелете го во Нутрибулет.

Чекор 2: Во сад ставете ги маргаринот и шеќерот во прав. Матете додека да се соединат. Додадете ги брашното и мелениот мак.

Чекор 3: Расукајте го тестото, вадете форми со модла или чаша и редете ги во тавата.

Чекор 4: Печете ги 10-ина минути. Печени ќе бидат меки, но кога ќе се оладат ќе се стврднат.

Чекор 5: Соединувајте две колаченца со вашиот омилен мармалад.

Чекор 6:Сервирајте!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.