Видео рецепт: Свинско филе на кинески начин

0

Денеска со Топ Шоп и Фичо ќе подготвиме рецепт од северозападна Кина, свинско месо со зеленчук и сос.
Вкусно е и мора да го пробате пред почетокот на велигденските пости.

Подготовка

Чекор 1: Свинското филе исецкајте го на парчиња. Прелејте го со состојките за преливот и оставете го во ладилник еден час.

Чекор 2: Печурките исецкајте ги, додадете го изренданиот ѓумбир, исецканите млади кромидчиња и лукчето. Тргнете ги на страна да отстојат.

Чекор 3: Исецкајте ја зелката со големина од прилика 1см х 1см. Зелената пиперка исецкајте ја на парчиња со приближна или иста големина. Оставете ги да отстојат со зелката.

Чекор 4: Во Вок тавата ставете го маслото. Пропржете го месото, извадете го и додадете го исецканиот зеленчук. Додадете го соја сосот и сусамовото масло. Кога зеленчукот ќе почне да добива сјај, додадете го месото, сокот од лимон, сол и бибер.

Чекор 5: Сервирајте врз исецкана кинеска зелка!

На здравје ручекот!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот