Видео рецепт: Потпечени палачинки со спанаќ

0

Денес е сабота, среќен ден, а Топ Шоп вкусниот рецепт за ручек гласи вака: потпечени палачинки со спанаќ.

Иако палачинките најчесто не потсетуваат на десерт и нешто слатко, овој рецепт е доказ дека палачинките може да бидат и вкусно солено јадење.

Подготовка

Чекор 1: Сите состојки (освен спанаќот) за палачинките убаво изматете ги. Спанаќот ставете го во вода, малку да се провари. Сварениот спанаќ изблендирајте го убаво и додадете го во смесата за палачинки. Оставете ја смесата 15 минути да одмори. Со Апаратот за палачинки направете ги палачинките.

Чекор 2: Брокулите ставете ги во сад со вода да се варат. Разварените брокули ставете ги во Нутрибулет со пармезанот, јајцата и маслиновото масло. Блендирајте да добиете еднолична смеса. Со оваа смеса мачкајте ги палачинките и замотајте ги во ролат.

Чекор 3: Редете ги палачинките во садот за печење и над нив посипете рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 200 степени додека кашкавалот да добие златна боја.

Чекор 4: Сервирајте!

Пријатен ручек.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.