Видео рецепт: Печени кременадли со зачини

0

Под понеделник започнуваат велигденските пости, па пред да започнат одличивме да споделиме уште еден од многу вкусни рецепти на Топ Шоп- како на најлесен начин да подготвиме печени кременадли со зачини и компири.

 

Подготовка:

Чекор 1: Месото убаво истријте го со сол, бибер и мелен рузмарин. Во мал сад измешајте мелени каранфилче, мускатно оревче и малку цимет. Истријте го местото и со оваа мешавина.

Чекор 2: Рерната загрејте ја на 200 степени. Месото ставете го во ростер тавата и печете го 18-20 мин, потоа извадете го и прекријте го со алуминиумска фолија. Печете на 175 степени уште 2 часа.

Чекор 3: Додека месото се пече, околу 1 час пред крај подгответе ги компирите. Излупете ги компирите, посолете, додадете бибер и оригано и ставете ги компирите под месото да се печат еден час.

Чекор 4: Пред крај извадете ја фолијата и оставете ги месото и компирите да се печат уште 15 мин на 200 степени за да фатат коричка.

Чекор 5: Сервирајте!

Нека е на здравје ручекот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот