Видео рецепт: Македонска лазања

0

За денеска готвиме лазања со зеленчуци карактеристични за нашето поднебје, па затоа ја нарековме Македонска лазања.

Состојки:

200 гр. шампињони

2 пакувања лазањи

1 кромид

4 чешниња лук

2 пиперки

400 гр. доматно пире

300 гр. овчо сирење

150 гр. маслинки

500 гр. ајдамер

најмалку 500 мл. павлака за готвење

900 гр. јунешко месо ворчестер

сос табаско сос

Подготовка

Чекор 1: Тенко исечете ги пиперките. Кромидот исецкајте го на полумесечинки. Исецкајте ги маслинките и ставете ги во тава за пржење да ја испуштат водата.

Чекор 2: Месото го пржите и додавате ворчестер сос. Лукот го сечкате и го додавате во месото. Сирењето го дробите и се додава на месото. Се додава доматното пиреи табаско сос.

Чекор 3: На дното ставете ги парчињата лазањи. Над лазањите ставете од смесата, нарендајте кашкавал. Наредете три реда. Најважно е на секој ред да има кашкавал. Над последниот ред нарендајте кашкавал и прелејте со павлака за готвење.

Чекор 4: Печете во загреана рерна на 200 С, 30 минути, или додека да зарумени.

Чекор 5: Сервирајте!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар