Видео рецепт: Крофни со цимет

0

Денеска готвиме крофни.

Состојки

За КРОФНИТЕ ќе ви треба

(шолја од 240 мл):

4 + 1/2 шолји брашно

120 гр. брашно за расукување

1/2 шолја шеќер 21 гр.

сув квасец (3 пакетчиња) прстофат сол

3/4 од шолја млако млеко

220 гр. растопен путер

3 јајца

За НАРОСУВАЊЕ ќе ви треба:

шеќер во прав

малку цимет

чоколаден прелив

Подготовка

Чекор 1: Во голем сад ставете ги сувите состојки, направете длабнатина во средината и додадете ги млекото, растопениот путер и изматените јајца. Месете додека не добиете меко тесто. На набрашнета површина размесете го тестото. Оставете го во сад да стасува на собна температура додека волуменот двојно не се зголеми.

Чекор 2: Расукајте го тестото со дебелина од 1 см. Со две различни чаши сечете ги формите. Со поголемата чаша направете круг, а со помалата чаша направете круг во кругот за да добиете форма на прстен, американски облик на крофни. Исечените крофни оставете ги да се одморат.

Чекор 3: Крофните пржете ги во длабоко масло на средна температура, по 2 минути од секоја страна. Испржете ги и топчињата кои сте ги извадиле од средината.

Чекор 4: Во сад измешајте шеќер во прав со цимет и наросете ги крофните. Чекор 5: Сервирајте и прелијте со чоколаден прелив, по желба!

Рецептот е преземен од moirecepti.mk