Видео рецепт: Крцкави филети од риба со овесни снегулки

0

Време е за ручек, а заедно со Топ Шоп подготвуваме  крцкави филети од риба, со богата смеса за поховање и овесни снегулки. Ова е навистина вкусно, зар не?

Подготовка

Чекор 1: Секоја филета исечете ја на три еднакви дела и оставете ги на крпа добро да се исушат.

Чекор 2: Во сад за матење ставете ги сите состојки за смесата за поховање и матете со миксер додека смесата не се изедначи.

Чекор 3: На оган ставете го садот со масло да се загрее. Користете длабок сад, бидејки во плитка тава маслото многу ќе прска.

Чекор 4: Секое парче риба извалакајте го во смесата за поховање, потоа во овесните снегулки , посолете го и пржете го во загреано масло.

Чекор 5: Сите состојки за сосот соединете ги и сервирајте!

На здравје ручекот!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот