Видео рецепт: Крцкави филети од риба со овесни снегулки

0

Фичо ќе подготви крцкави филети од риба, со богата смеса за похување и овесни снегулки.

Состојки

  • филети од риба

За СМЕСАТА ЗА ПОХУВАЊЕ(темпура) ќе ви треба

  • 200 гр. брашно
  • 2 лажички црвен пипер
  • 130 гр. густин
  • 260 мл. вода
  • 1 јајце

За СОС ќе ви треба:

  • мајонез,кари и малку кечап

Ќе ви треба и:

  • масло за пржење овесни снегулки

Подготовка

Чекор 1: Секоја филета исечете ја на три еднакви дела и оставете ги на крпа добро да се исушат.

Чекор 2: Во сад за матење ставете ги сите состојки за смесата за похување и матете со миксер додека смесата не се изедначи.

Чекор 3: На оган ставете го садот со масло да се загрее. Користете длабок сад, бидејки во плитка тава маслото многу ќе прска.

Чекор 4: Секое парче риба извалакајте го во смесата за похување, потоа во овесните снегулки , посолете го и пржете го во загреано масло.

Чекор 5: Сите состојки за сосот соединете ги и сервирајте!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.