Видео рецепт: Ќофтиња со брокула и карфиол

0

Вкусно мезе, зелени ќофтиња од брокула и карфиол, кои може да ги подготвите додека пристигнуваат гостите!

Подготовка

Чекор 1: Брокулата и карфиолот одделете ги на мали парченца. Ставете ги во сецко и испасирајте ги. Во смесата додадете го јајцето и зачини по желба. Додадете ја и приготвената смеса ФАНТ за ќофте.

Чекор 2: Од добиената смеса направете ќебапчиња и валкајте ги во брашно и јајце. Доколку е потребно повторете ја постапката и испржете ги ќофтињата.

Чекор 3: Сервирајте!

Состојки

  • 1 китка брокула
  • 1/4 китка карфиол
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици лебни трошки
  • малку бибер
  • Фант за ќофте

За ПОХУВАЊЕ ќе ви треба:

  • брашно или лебни трошки
  • 2 јајца

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.