Видео рецепт: Ќофтиња со брокула и карфиол

0

Фичо ќе направи вкусно мезе, зелени ќофтиња од брокула и карфиол, кои може да ги подготвите додека пристигнуваат гостите!

Состојки:
1 китка брокула
1/4 китка карфиол
1 јајце
2-3 лажици лебни трошки
малку бибер
Фант за ќофте

За ПОХУВАЊЕ ќе ви треба:
брашно или лебни трошки
2 јајца

Подготовка:

Чекор 1: Брокулата и карфиолот одделете ги на мали парченца. Ставете ги во сецко и испасирајте ги. Во смесата додадете го јајцето и зачини по желба. Додадете ја и приготвената смеса ФАНТ за ќофте.

Чекор 2: Од добиената смеса направете ќебапчиња и валкајте ги во брашно и јајце. Доколку е потребно повторете ја постапката и испржете ги ќофтињата.

Чекор 3: Сервирајте!

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот