Видео рецепт: Генијално свинско рагу со тестенини

0

Вкусно свинско рагу со маслиново масло, путер и пармезан, во комбинација со тестенини.

Состојки

  • 125 гр. папрадели
  • свинско месо од плешка
  • конзерва пелати
  • црвено вино
  • малку путер
  • половина главица кромид
  • француски магдонос
  • малку пармезан
  • табаско сос
  • малку шампињони
  • 2 чешниња лук
  • сол и црн пипер

Подготовка

Чекор 1: Месото исечете го на тенки парчиња, најтенко што можете. Во тавата за пржење ставете го путерот. Кромидот ситно исецкајте го. Додадете го лукот и шампињоните. Посолете и оставете да динста 20 минути.

Чекор 2: Во сад со вода ставете ги папраделите. Во сосот додадете малку табаско и пред сервирање додадете пармезан. Измешајте ги тестенините со сосот и оставете да крчка 2-3 минути.

Чекор 3: Чинијата во која ќе сервирате премачкајте ја со солен путер, наросете ситно рендан пармезан и ставете ја пастата. Порцијата не треба да биде повеќе од 125 грама.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: И не заборавај! На сите ни е потребна идеја во кујната… Затоа, доколку ти се допаѓа овој рецепт, биди вистински пријател и сподели!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум,задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.