Видео рецепт: Домашни њоки со Песто сос од спанаќ

0

Денеска Топ Шоп рецептот може да го подготвите на лесен начин самите дома. Ќе  направиме њоки од компир, комбинирани со брз домашен Песто сос од спанаќ.

 

Подготовка

Чекор 1: Компирите ставете ги да се варат. Оставете ги да се оладат и испасирајте ги. Потребна е една шолја пасиран компир. Ставете ги компирите во сад и додадете го брашното и јајцето. Замесете убава смеса, завиткајте во фолија и оставете да одмори 10 минути.

Чекор 2: Смесата поделете ја на 4 дела. Од секој дел формирајте долгнавеста форма и сечете форми и димензии на њоки. Со виљушка притиснете ја секоја њока за да може сосот да се задржува. Извалкајте ги во брашно и тргнете ги на страна, додека да зоврие водата во која што ќе се варат.

Чекор 3: Во Нутрибулетот ставете ги сите состојки за пестото и убаво изблендирајте.

Чекор 4: Њоките варете ги додека не испливаат на површината. Тоа е знак дека се варени.

Чекор 5: Во тава ставете ја павлаката за готвење да се загрее, додадете го пестото и њоките и убаво промешајте.

Чекор 6: Сервирајте со рендан пармезан!

СОВЕТ: Песто сосот наместо со спанаќ, може да го подготвите со свеж босилек, рукола или друго зелје по желба.

 На здравје!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот