Видео рецепт: Декоративни падобранци со ореви

0

Нашиот денешен предлог за десерт е мини падобранци со мелени ореви и фил од жолчки, со декоративен изглед и посебен вкус.

Состојки

За ПАДОБРАНЦИТЕ ќе ви треба:

2 белки

200 гр. шеќер во прав

2 лажички сок од лимон

220 гр. ситно мелени ореви

За КРЕМ ќе ви треба:

2 жолчки

80 гр. шеќер во прав

60 гр. путер

Подготовка

Подготовка

Чекор 1: Најпрво смелете ги оревите.

Во сад за матење ставете ги белките и матете ги со миксер. Постепено додавајте го шеќерот, лимоновиот сок и на крај мелените ореви. Убаво промешајте ја смесата. Доколку е многу течна, зависно од големината на јајцата, додајте уште малку мелени ореви.

Чекор 2: Смесата ставете ја во шприц и редете ги на хартија за печење. Сушете ги на тивко во рерна на 100 степени околу 30 минути. Треба да ја задржат бојата. По печењето оставете ги сосема да се оладат. Изматете ја слатката павлака.

Чекор 3: За кремот во сад изматете го путерот и шеќерот во прав. Жолчките додавајте ги една по една се додека смесата не се изедначи.

Чекор 4: Спојувајте по две форми со крем на средина и сервирајте.

СОВЕТ: Падобранците се вака многу декоративни, но доколку немате шприц, можете да вадите топчиња со мала лажичка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар