Видео рецепт: Буритос во сос

0

Ако денеска имате дилема што да приготвите за ручек, ние имаме решение. Направете ручек по мексикански терк – вкусни буритос во сос…

Состојки

За ФИЛ ќе ви треба:

1 главица кромид средна големина

5 чешниња лук

2-3 феферони

500 гр. мелено говедско месо

мелен ким, сол и бибер

100 гр. кечап

1 лажица сенф

За СОС ќе ви треба:

1 лажичка чили во прав

500 мл. доматен сос

ким, сол, половина лажичка шеќер и оригано

Ќе ви треба и:

кашкавал Ајдамер

Начо чипс

Подготовка

Чекор 1: На оган ставете ја Вок тавата да се загрее. Додадете ги исецканите кромид, лук и феферони. Количината на фефероните прилагодете ја според вашиот вкус. Додадете го месото и зачините. Потоа додадете го доматниот сос и сенфот. Динстајте додека да добиете хомогена смеса. Откако ќе се приготви, оставете го на рингла на тивко за да се одржува топлината.

Чекор 2: Во садот за сос ставете ги состојките за сосот и варете тивко додека не згусне.

Чекор 3: Секоја тортиља загрејте ја на тавче, полнете ја и веднаш сервирајте.

Чекор 4: На крај изрендајте кашкавал Ајдамер.

СОВЕТ: За декорација и комплетирање на вкусот користете тортиља чипс.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар