Денеска вкусниот Топ Шоп рецепт е Буритос со пикантен фил со месо, во зачинет доматен сос, со рендан мек кашкавал.
Чекор 1: На оган ставете ја Вок тавата да се загрее. Додадете ги исецканите кромид, лук и феферони. Количината на фефероните прилагодете ја според вашиот вкус. Додадете го месото и зачините. Потоа додадете го доматниот сос и сенфот. Динстајте додека да добиете хомогена смеса. Откако ќе се приготви, оставете го на рингла на тивко за да се одржува топлината.
Чекор 2: Во садот за сос ставете ги состојките за сосот и варете тивко додека не згусне.
Чекор 3: Секоја тортиља загрејте ја на тавче, полнете ја и веднаш сервирајте.
Чекор 4: На крај изрендајте кашкавал Ајдамер.
На здравје!
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.