Видео рецепт: Богат колач

0

Во продолжение, погледнете ја постапката за подготовка на богат колач.

Состојки

За КОРАТА ќе ви треба:

  • 6 белки
  • 200 гр. путер
  • 200 гр. шеќер
  • 200 гр. мелени ореви
  • 100 гр. брашно
  • 1 кесичка ( 12 гр.) прашок за пециво

За СМЕСАТА ОД ЖОЛЧКИ ќе ви треба:

  • 6 жолчки
  • 200 гр. шеќер
  • 2 кесички (20 гр.)
  • ванилин шеќер
  • За ЧОКОЛАДЕН ФИЛ ќе ви треба:
  • 200 мл. млеко
  • 200 гр. шеќер
  • 250 гр. мелени бадеми
  • 100 гр. маргарин
  • 100 гр. чоколадо за готвење

Подготовка

Чекор 1: Разделете ги белките од жолчките. Во подлабок сад ставете ги белките со половина од шеќерот и со миксер матете додека да се растопи.

Чекор 2: Во друг сад ставете го путерот со преостанатиот шеќер и него изматете го. Кога е убаво пенесто изматен додајте го во садот со изматените белки. Додадете ги и мелените ореви и брашното помешано со пециво. Повторно матете со миксер додека смесата не се соедини. Истурете ја смесата за кора во соодветна тава за печење и печете во загреана рерна на 180 степени 20-тина минути.

Чекор 3: Во меѓувреме подгответе ја смесата од жолчки. Со миксер изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер. Откако е испечена долната кора од колачот врз неа истурете ја смесата од изматени жолчки. Вратете ја тавата во рерна и печете уште 15-тина минути на 160 степени.

Чекор 4: За чоколадниот фил, ставете во сад на оган млеко, шеќер, мелени бадеми и маргарин. Чоколадата искршете ја на поситни коцки и неа додадете ја во садот. Со лажица мешајте додека да се растопат маргаринот и чоколадата и тргнете го садот од оган.

Чекор 5: Врз запечените жолчки нанесете го подизладениот чоколаден фил и оставете го колачот убаво да се излади и да се стегне. Сечете штангли или коцки по желба и украсете по свој вкус.

Чекор 6: Сервирајте!

 

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот