ВИДЕО: Ема Јакимова со преработка на песната ”Havana” од Камила Кабело

0

Музичките хитови се секогаш предизвик на младите, амбициозни музичари да го истражат својот талент.

Шармантната Ема го покажа својот талент и желба за музика низ неколку преработки, а во прилог можете да го погледнете првиот официјален cover на нејзиниот youtube канал – изведба на песната ”Havana” од Камила Кабело.

„Идејата беше да покажам нешто поинакво, и може да се забележи дека верзијата е поинаква, посмирена. За ова да изгледа токму вака како што е, имав прекрасен тим полн со позитивна енергија, зад пијаното стои продуцентот Бобан Апостолов, а зад објективот Дарко Митев и Андреј Ѓорѓиевски.“ -вели Ема.

Таа моментално работи на нови преработки и можни сопствени музички проекти, а зад себе има низа настапи низ Македонија, меѓу кои настап во ноќниот клуб Select со проектот Moonfly и учество на добропознатиот Strumica Open Festival како гостин на настапот на дуото Disconnected.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот